Уапсени романски државјани, фатени во кражба во златарница Филип Здравески 31.12.2025 / 10:15 Хроника Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Општина Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П. (19) и Ф.И.П. (19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар. Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале. Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off