Традиционална прошетка на сопственици и кучиња во Мадрид, посветена на борбата против напуштањето животни

Стотици кучиња и нивните сопственици учествуваа на традиционалната градска прошетка „Санперестре“ во Мадрид, со цел да се подигне јавната свест за проблемот со напуштање на животните. Настанот, кој се одржува на крај од годината, го организира здружението за заштита на животните „Ел рефухио“ (El Refugio), кое се бори против злоставување животни и за вдомување напуштени кучиња и мачки. Учесниците на настанот помина низ центарот на шпанската престолнина, вклучувајќи го и плоштадот Пуерта дел Сол, завршувајќи го со традиционалното новогодишно јадење грозје. Дел од кучињата беа облечени во празнични костими, што дополнително придонесе за свечена атмосфера. Според Сузана Изабел Фернандез, една од учесничките на настанот, кучињата се суштества полни со љубов и жално е што луѓето ги третираат како играчки и потоа ги напуштаат. Организаторите порачаа дека ваквите јавни иницијативи играат важна улога во потсетувањето на јавноста дека грижата за животните е одговорност во текот на целата година, а не само за време на празниците.