Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божикните празници Филип Здравески 31.12.2025 / 12:20 Македонија Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божикните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „ПОЦ“ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП „ПОЦ“ ќе продолжи на 02.01.2026 година (петок) со вообичаено работно време. За време на божикните празници на 06.01 (вторник) и 07.01 (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2026 година (четврток) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП „ПОЦ“ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим, е нагласено во соопштението. ПОЦ Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off