Верстапен избран за возач на годината во Формула 1 Филип Здравески 31.12.2025 / 12:37 Ф1 Холанѓанецот, Макс Верстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои првенството. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Верстапен слави петта година по ред. Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои 1 поен. Пилотот на Ред Бул победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет. За првпат од почетокот на анкетата во 2018 година, Британецот Луис Хамилтон (Ферари) не успеа да влезе меѓу првите десет. Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Јуки Цунода не гласаа. Макс Верстапен Ф1 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off