СДС лаже за политички прогон: Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев

Кога СДС обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на Филип Андонов Сокол треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го замрзнуваа имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се изживуваа со наши членови со години додека СДС беше власт, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд. Додека обвинителка во предметот на Сокол е Валентина Беслимовска истата што го повлече обвинението за Зоран Заев и го амнестираше. Како овие судии и мрежа обвинители се дел од мрежа на ВМРО-ДПМНЕ? Луѓето кои хараа со Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДС и никако поинаку, се вели во соопштението на владејачката партија.