Околу 15.000 опасни пиротехнички средства се запленети за време на полициска операција во неколку федерални покраини на Австрија. Тие вклучувале „школки“ (shell bombs) и трасирачка муниција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека вкупната тежина изнесувала 380 килограми. „Школките“, познати и како огномети во форма на гранати, содржат различни пиротехнички мешавини и можат да тежат неколку килограми. Во Австрија, како и во Германија, тие се строго регулирани и генерално со нив смеат да ракуваат само професионалци со посебна обука, пренесе ДПА. Австриските власти добиле дојави и извршиле претреси во домови. Министерството за внатрешни работи соопшти дека предметите потенцијално би можеле да бидат злоупотребени за напади кои го загрозуваат Уставот. Поединците кај кои ќе бидат пронајдени илегални предмети се соочуваат со високи парични казни во Австрија.