Ѓорѓиевски го посети првороденото бебе: Добредојде, Евгенија – ти си најубавиот почеток на новата година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети првороденото бебе на Клиниката за гинекологија. -Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје. Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест - се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности. Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува. Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост. Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество. Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност. Искрени честитки до мајката Емилија. Посакувам здравје, среќа и многу успеси. Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година, пишува во својата објава на Фејсбук Ѓорѓиевски.