Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на првиот ден од новата 2026 година беше во посета на Командата за обука и доктрини - КОД во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“. Притоа, се сретнаа и разговараа со новопримените 300 професионални војници меѓу кои и 26 девојки кои од понеделникот ја започнаа обуката. Претседателката Сиљановска Давкова во обраќање им ја честиташене новата 2026 година со желба за многу успеси и просперитети на сите старешини и млади војници. Воедно им подари стотина книги од повеќе области, кои, како што рече, можат да им бидатод полза за  усовршување и едукација. -Ви посакувам многу здравје и успешно извршување на својата професија и се разбира посветеност бидејќи ако на љубовта и на интересот го додадате и трудот сигурно дека ќе станете перфектни, а потоа и офицери како луѓето кои ве едуцираат и со кои јас соработувам. Импресионирана сум од она што денеска го видов, се разбира добрите гласови брзо патуваат и јас речиси знаев се за оваа институција, но денеска преку излагањето на генерал Нуредини - командант на КОД, видов и како сето тоа функционира. Тоа што за мене е ново - видов како функционира хиерархијата и субординацијата што честопати ја потенцира началникот на Генералштабот, а е неопхпдна за вашето школување. Видов скоро се и сликата ми е скоро целосна - индивидуалната работа преку ракувањата со оружјата од понова и постара генерација, но и она како се гради визијата, мисијата и дека никој не може да ги избегне она што мене ми е едно од најголемите љубови во животот- професијата, потенцира Сиљановска Давкова. Претседателката е убедена профессионализмот, вербата дека вреди да се брани независноста и територијалниот интегритет на земјата е она што ја прави Армијата исклучително почитувана. -И кога слушате дека овде сте заради тоа што целосно верувате дека вреди независноста и територијалниот интегритет да се бранат, јасно ми е зошто е Армијата е институцијата што ужива најголема почит во државата. Убедена сум дека и вие за тоа ќе придонесете. Имајте успешна подготовка, а  гледате дека денес и времето е на ваша и моја страна кога и да дојдам во некоја касарна има сонце. Тоа има некоја поврзаност со мисијата што ја имаме сите ние-да создадеме пристојно место во кое војниците питомците, офицерите и оние со највисоки функции ќе бидат компатибилни, прифатени и препознаени во сите Армии и во сите мисии, потенцира претседателката Сиљановска Давкова. Таа на младите професионални војници им посака успешно да ја завршат обуката и потоа успешно да се адаптираат онаму каде што ќе се усовршуваат, но и еден ден како нови стерешини на Армијата да стојат околу неа. -Посебно им посакувам на жените во Армијата да покажат и докажат дека се исто толку компатибилни колку и мажите, дека имаат цврста решеност, дека имаат цврста волја, дека се љубопитни, дека знаат и дека нема цел и нема задача што не можат да ја извршат. На право место сте, покажувате и сами дека верувате дека оваа  е добар избор. Јас ве подржувам во изборот и ви посакувам успешна војничка кариера, рече таа посакувајќи им успеси на 26 -те девојки - професионални војници кои се на обука во велешката касарна, но и на сите припаднички во Армијата. Воедно таа со генерал – мајор Сашко Лафчиски присуствуваа на мала показна вежба од страна на издресирано куче и кучиња од Центарот за одгледување и дресура на кучиња на Армијата, на која беше прикажано како открива динамит. Таа се запозна и со Центарот за публикации и издавачка дејност на КОД кој досега има отпечатено вкупно 178  книги и стручни брошури поврзани со Армијата, а се запозна и со работата на библиотеките на гарнизоните на Армијата во земјава, кои имаат вкупно околу 160 илјади најразлични книги. На крај од денешната посетата домаќинот Командантот на КОД, бригадниот генерал Лулзим Нуредини и врачи на претседателката Сиљановска Давкова највисока плакета на КОД. (МИА)