За прв пат во Кичево, новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај доста ладното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција која ќе ја негуваме и правиме уште поголема и уште подобра, по организирана, посочи градиначалникот на Кичево, Александар Јовановски. -Упатувам срдечна благодарност до сите угостители кои максимално беа посветени да ги удостојат гостите, до сите учесници на спектакуларната вечер, музички уметници и луѓето кои професионално си ја завршија работата околу техничката спремност на целиот настан. Кичево продолжува да ги живее најубавите празнични денови со многу музика, забава и позитивна енергија. Се поклонувам пред Вас мои мили сограѓани, заедно продолжуваме напред, истакна тој. Градоначалникот порача: „Среќна и бериќетна да ни биде Новата 2026-та година, исполнета со многу здравје, среќа, љубов и благосостојба во секој дом“!