Воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид. Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот. -Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.