Утре 02.01.2026 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Кочани. Објектот „Детелинки“, во состав на јавната општинска установа за деца, детска градинка „Павлина Велјанова" во Кочани, е со нето корисна површина од 1.011,64 м2 и двор од 2.510 м2. Во објектот ќе се згрижуваат 114 деца, од девет месеци до 6-годишна возраст, организирани во шест групи, согласно Законот за заштита на децата. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.