Првото бебе во Велес е женско

Во велешката Општа болница денеска во 11:51 часот се роди првото бебе. Се работи за женско бебе кое е втора ќерка на 31-годишната Клементина Штерјовска. Бебето се вика Мила, тешка е 2,700 грама и долга 50 сантиметри. - Мајката се породи со царски рез под контрола на д-р Ѓорѓиче Николов и главната сестра Бети Митковска  и целокупниот тим од сестри, инструментарки и акушерки на Гинеколошко-акушерското  одделение на велешката Општа болница, информира за МИА, главната сестра Митковска. Попладнево, мајката и бебето ги посети градоначалникот  Марко Колев кој на мајката и врачи пригодни подароци и штедна книшка со 15 илјади денари.