Девојче нападнато од двајца малолетници

На 31.12.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје, Д.П.(42) од с.Волково, скопско, пријави дека на 30.12.2025 околу 22:30 часот во парк на подрачјето на населба Влае во Скопје, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од двајца малолетници, кои ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.