Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија

Според Министерството за вонредни ситуации на Јакутија, пожарот е предизвикан од краток спој, објавија руските медиуми. Пожарот наводно избувнал во двокатна куќа во селото Сунтар и се проширил на површина од 24 квадратни метри.