Почина двегодишното дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција

Почина двегодишното дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција Филип Здравески 02.01.2026 / 10:32 Хроника Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата. Според досегашните сознанија, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. Засега нема официјални информации за локацијата на несреќата. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off