Уште една страшна партија на Ленард, ЛА Клиперс славеа против Јута

Уште една страшна партија на Ленард, ЛА Клиперс славеа против Јута нба 2025/2026 Филип Здравески 02.01.2026 / 10:48 Кошарка Лос Анџелес Клиперс ја победи Јута со 118:101 благодарение на уште една феноменална партија на Каваи Ленард. Откако постигна 41 поен против Хјустон Рокитс, 28 против Портланд Треил Блејзерс, 55 против Детроит Пистонс, 33 против Сакраменто кингс, Леонард ноќеска блескаше и против Јута Џез со 45 поени. Џејмс Харден го следеше со 20, Николас Батум додаде 14, што беше повеќе од доволно за шестата последователна победа на Клиперс, кои се во најдобра форма од почетокот на сезоната. Сѐ уште се надвор од плејин зоната, но се најблиску до неа од почетокот на сезоната, која ја започнаа катастрофално, но сега се во голем налет и се чини дека е само прашање на време кога ќе го заземат местото што им припаѓа. Клиперс го решија мечот во последниот период, на почетокот од четвртината, постигнаа 7 последователни тројки. Гостите не може повеќе без тројца од стартната петорка: Лаури Марканен, Јусуф Нуркиќ и Кијонте Џорџ. Во нивно отсуство, Кајл Андерсон се истакна со 22 поена, што е негов прв натпревар од 20+ поени по речиси три години, потоа Брајс Сенсабо со 20 и Коди Вилијамс со 18 поени. Ајзеја Колиер додаде 16 поени и 10 скокови. Џез го претрпе шестиот пораз во последните 8 натпревари. Remote video URL Сигурни победи синоќа постигнаа Бостон против Сакраменто на гости (120:106) и Филаделфија исто така како гостин против Далас (123:108). Кај Селтикс, Џејлен Браун, и покрај катастрофалните 1/9 во шутот за три поени, успеа да го заврши натпреварот со 29 поени (вкупно 11/25 од поле). Тој беше еден од седумте двоцифрени кај победниците. Дерик Вајт постигна 16 поени, колку што постигна и Пејтон Причард, Сем Хаузер имаше 15 (5/7 за три поени), Анферни Сајмонс додаде 14 (4/7 за три поени), Нимиас Кета 13. Демар ДеРозан беше најефикасен во поразениот тим со 25 поени, Денис Шредер имаше 18, но тоа не беше доволно за Кингс да го избегнат деветтиот пораз во последните 11 натпревари. Во натпреварот помеѓу Далас и Филаделфија, Тајрис Макси се истакна со 36 поени, 10 асистенции и 8 скокови, што, заедно со 22-та поена на Жоел Ембиид и уште една одлична игра на дебитантот ВиЏеј Еџкомб, беше доволно за победата во Тексас. Резултати: Бруклин Нетс - Хјустон Р0китс 96:120 Детроит Пистонс - Мајами Хит 112:118 Далас Маверикс - Филаделфија 76ерс 108:123 Сакраменто Кингс - Бостон Селтикс 106:120 Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез 118:101 Табела: Каваи Ленард Лос Анџелес Клиперс НБА Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On