Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ако Иран продолжи да „пука“ и „убива“ демонстранти, САД „ќе одат да ги спасат“. „Подготвени сме да дејствуваме“, рече шефот на државата во објава на неговата платформа за социјални медиуми, Truth Social. Претходно денеска, растечките протести, предизвикани од влошената економска состојба на Иран, се прошириле во руралните области на Исламската Република, а бројот на жртви во судирите достигна најмалку седум. Во понеделникот, за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неговиот имот во Флорида, Трамп рече дека ќе поддржи нови американски напади врз Иран ако азиската земја ги продолжи своите програми за балистички ракети или нуклеарно оружје. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пак, рече дека одговорот на Техеран на каква било агресија ќе биде „суров“ и „одвраќачки“. (МИА)