Авион од Хонгконг се врати назад во времето без научна фантастика Филип Здравески 02.01.2026 / 11:36 Чек дис аут Летот 880 на Cathay Pacific полета од Меѓународниот аеродром во Хонгконг веднаш по полноќ на 1 јануари 2026 година и слета на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес на 31 декември 2025 година. Да. Патниците ја прославија Новата година во Азија, а потоа слетаа во Лос Анџелес пред Новата година и повторно ја дочекаа. Со преминување на Меѓународната датумска граница и движење низ 9 временски зони за време на 12-часовниот лет, тие технички пристигнаа „назад во времето“. Нема научна фантастика. Само временските зони си го прават своето. авиосообраќај нова година Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On