Во клубот во Кран-Монтана имало и еден македонски државјанин Филип Здравески 02.01.2026 / 11:49 Македонија Во клубот во Швајцарија, во кој на новогодишната ноќ избувна пожар, имало и еден македонски државјанин. Портпаролката на Владата, Марија Митевска, ја потврди информацијата и кажа дека засега нема повеќе детали. „Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство, меѓутоа во контакт сме со швајацарските власти и полицијата и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста“, рече Митевска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. Таа, исто така, кажа дека Владата преку министерствата стапила во контакт со претставници на Швајцарија и дека им е понудена помош. Според неофицијални информации, во пожарот досега загинале 47 лица, а над 100 се повредени. пожар Кран-Монтана Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off