Малолетници на Ургентен: Повредени се при употреба на пиротехнички средства

На 01.01.2026 во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди од пиротехнички средства се донесени 17-годишник од с.Долно Свиларе, скопско и 11-годишник од Скопје. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите ноќта на 31.12.2025/01.01.2026 при употреба на пиротехнички средства.