МВР со детали за смрта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата

МВР со детали за смрта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата Филип Здравески 02.01.2026 / 14:23 Хроника МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, во која загина двегодишно дете во Скопје. Според информациите од полицијата, на 1 јануари во 0:58 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д. (21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А. (26). Во 1:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off