ИОК категоричен: Русите на ЗОИ без знаме дури и да склучат мир со Украина Филип Здравески 02.01.2026 / 14:51 Останати спортови Руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат под знамето на својата земја на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, дури и ако се постигне мировен договор со Украина. Ова го изјави претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во интервју за италијанскиот Corriere della Sera. „Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот, според која им дозволуваме на руските спортисти да учествуваат во февруари само како поединци кои се претставуваат себеси“, рече Ковентри. Потсетуваме дека ИОК им забрани на Русија и Белорусија да учествуваат по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Во септември беше одлучено дека сите руски и белоруски спортисти кои се натпреваруваат во Милано-Кортина мора да го сторат тоа без националното знаме и химна, како неутрални натпреварувачи. Ковентри, исто така, истакна дека одржувањето на Олимписките игри во повеќе градови, што го практикува Италија, би можело да стане „нова нормалност“ и дека Игрите во Милано-Кортина би дале важни насоки за идните организации. Зимските олимписки игри во Милано-Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година. ЗОИ 2026 санкции Русија војна Украина Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On