Филкруг пристигна во Милан

Филкруг пристигна во Милан зимски трансфери 2026 Филип Здравески 02.01.2026 / 15:47 Фудбал Никлас Филкруг (32) официјално го засили Милан и ќе конкурира за место во тимот на натпреварот со Каљари. Филкруг пристигна во кампот на „Росонерите“ од Вест Хем, каде што остана година и пол. Претходно играше за Борусија Дортмунд, Вердер, Ханофер, Нирнберг и Гројтер Фирт. Ги одигра своите најдобри натпревари во дресот на Вердер, каде што постигна 45 голови на 90 натпревари во четири сезони. Во неговиот претходен клуб, Вест Хем, постигна само 3 гола на 29 натпревари. За репрезентацијата на Германија има 24 настапи и 14 голови. Милан го позајми од „Чеканите“, а дали ќе го откупат неговиот договор зависи исклучиво од игрите и перформансите на напаѓачот до крајот на сезоната. Потсетуваме дека „Росонерите“ почнаа да бараат нов напаѓач по повредата и операцијата на глуждот на Мексиканецот Сантиаго Хименес. Adding a spearhead to our frontline #WelcomeFüllkrug — AC Milan (@acmilan) January 2, 2026 Никлас Филкруг Милан зимски трансфери 2026 Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off