Мицкоски: Нема да има пензија под 15.000 денари – пензионерите во март ќе добијат по 1.000 денари повисоки пензии

Заклучно со април 2026 година линеарното покачување на пензиите кое почна во ноември 2024 година, ќе изнесува 7.000 денари рече денес премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања на пуштањето во употреба на нова детска градинка во Кочани, премиерот рече дека токму линеарното покачување на пензиите ја намалило сиромаштијата кај пензионерите кои и сега се најсиромашните во земјава, а придонело и за правилна распределба на приходите.