На 01.01.2026 oколу 22:05 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово–Делчево, кај с.Смојмирово, патничко возило „киа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Берово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Берово.