Папата Лав XIV се помоли за жртвите од смртоносниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во Швајцарија. Поглаварот на Римокатоличката црква изрази сочувство и загриженост за семејствата на жртвите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. - Папата сака да изрази сочувство и загриженост за роднините на жртвите. Тој го моли Господ да ги прими починатите во своето царство на мир и светлина и да им даде храброст на оние што страдаат во телото и духот, се вели во пораката испратена од кардиналот Паролин до епископот на Сион, Жан-Мари Лови. Градот Сион се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале, каде што е и Кран-Монтана.