Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите на одредени места се влажни. Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, информира ЈП „Македонијапат“. „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За подетални информации учесниците во сообраќајот можат да се јават на дежурниот телефон 02/25-61-502.