Две лица ги загубиле животите во сообраќајната несреќа што се случи денеска попладне кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир, информираат од МВР. Според информациите од МВР, патничко возило „Фолксваген Бора“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и излетало од патот, по што паднало во реката Радика. Во несреќата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото. Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата. -Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолксваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото, велат од МВР. Инаку, според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката.