Врнежи од ледени зрна на одделни патни правци, се апелира на зголемена внимателност

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели. Оттаму апелираат до возачите зголемена внимателност, прилагодување на брзината според условите на патот и одржување на поголемо безбедно растојание и задолжително користење на соодветна зимска опрема.