Американците ја нападнаа Венецуела, Мадуро прогласи вонредна состојба Александра Спасеска 03.01.2026 / 10:22 Свет Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара. Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“. – Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и природните ресурси. Сепак, САД нема да успеат да ни го одземат богатството, се нагасува во соопштението. Венецуелската влада ги повика сите политички и општествени сили во земјата да се мобилизираат. JUST IN: US Army CH-47 'Chinook' helicopters flying over Venezuela's capital, Caracas. #carcas #venzuela #war pic.twitter.com/87ox687dY4 — The Core Briefing (@Corebriefing) January 3, 2026 Најмалку седум експлозии одекнаа утрово во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забележани и авиони во низок лет. Експлозиите се случија околу 2:00 часот по локално време (7:00 часот по 2 часот наутро (7 часот наутро по централноевропско време). Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја. Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во областа на аеродромот Карлота. На видео, пак, емитувано од каналот VPItv се гледаат неколку хеликоптери како летаат над градот ноќе. Ова се случува откако американската морнарица нападна неколку венецуелски бродови за кои се тврди дека носеле дрога. Bombardeada Caracas abro hilo ? con imagenes de lo que esta ocurriendo a esta hora de la noche. pic.twitter.com/sGtrP0vs77 — Jacobo Solano Cerchiaro (@JACOBOSOLANOC) January 3, 2026 Претседателот на САД, Доналд Трамп, со месеци се заканува дека наскоро би можел да нареди напади врз копнени цели во Венецуела. Минатата недела, за време на средбата во Флорида со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потврди дека американските сили нападнале пристаниште во Венецуела кое се користи за трговија со дрога. Венецуела вчера соопшти дека е отворена за разговори со САД за борба против трговијата со дрога. Сепак, венецуелскиот претседател Николас Мадуро во претходно снимено интервју објавено во четврток изјави дека САД сакаат да изнудат промена на владата во Венецуела и да добијат пристап до нејзините огромни нафтени резерви преку повеќемесечна кампања за притисок што започна во август со масовно воено распоредување во Карипското Море. Венецуела Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On