Тренерот на Јувентус: Не ми требаат нови играчи, ниту нов договор

Тренерот на Јувентус: Не ми требаат нови играчи, ниту нов договор Александра Спасеска 03.01.2026 / 12:27 Фудбал Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, изјави дека не му требаат засилувања во јануарскиот преоден рок и дека не е загрижен за нов договор. На прес-конференцијата пред првенствениот натпревар против Лече, италијанскиот стратег нагласи дека е целосно задоволен од сегашниот играчки кадар и персоналот во клубот. Иако зимскиот преоден рок штотуку се отвори, а бројни извори тврдат дека Јувентус ќе бара засилувања во средниот ред, Спалети инсистираше дека не побарал од управата нови играчи. „Дојдов тука со јасни договори кога го прифатив Јувентус. Не очекувам ништо; многу сум задоволен од играчите што ги имам на располагање“, рече Спалети. Неговата изјава доаѓа веднаш откако клубот го потврди враќањето на Марко Отолини како спортски директор. „Тој ќе се погрижи за преодниот рок. На пазарот има можности евентуално да го комплетирам тимот, но тоа не е тема што намеравам самиот да ја покренам. Задоволен сум од играчите што ги имам и засега не ми треба ништо“, рече Спалети. Спалети ја презеде клупата на Јувентус во октомври по заминувањето на Игор Тудор, а неговиот договор е со важност до крајот на тековната сезона. И покрај одличните резултати и седумте победи во последните осум натпревари, поради што италијанските медиуми почнаа да пишуваат за продолжување на соработката, тренерот останува смирен. „Доколку ми требаше нешто друго за да се чувствувам посигурно со подолг договор, ќе го решев уште од самиот почеток“, нагласи стратегот на „Старата дама“. Јувентус Серија А Лучано Спалети Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On