Интересот за зимување во Бугарија е видливо намален оваа сезона. Туристичките агенции тврдат дека падот е генерален и не се однесува само на една или две дестинации, туку на целиот пакет кој до пред неколку години важеше за „стандардна“ зимска опција за македонските туристи.