Познати идентитетите на загинатите: Со возило паднале во река Радика, телата на обдукција

На 02.01.2026 во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) с.Видуше, општина Маврово и Ростуше, излетало од патот и паднало во река Радика. Во несреќата, од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка М.Ф.(56) од с.Видуше починале на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител возилото е задржано во полициска станица за вонреден технички преглед, а телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.