Тешко повредено 19 годишно момче, паднало од трети кат

На 03.01.2026 во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, каде бил на гости со мајка му, паднал 19-годишник од Скопје кој имал здравствени проблеми, информира МВР. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот.