Од претседателска палата до „пеколниот“ затвор во Бруклин: Мадуро зад решетки со Диди и најозлогласените криминалци на светот

Николас Мадуро од врвот на власта заврши во еден од најстрашните федерални затвори во САД – озлогласениот MDC во Бруклин. Под 23-часовна изолација, венецуелскиот лидер ќе дели ѕидови со музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс, обвинети убијци, наркобосови и меѓународни криминалци, во услови кои адвокатите ги опишуваат како нехумани и „пеколни“.