Нападнат вработен на наплатна рампа Петровец: Напаѓачот ја скршил рампата и побегнал Филип Здравески 05.01.2026 / 14:44 Хроника Утрово во 1:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А. (45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило Mercedes со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. патарина Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off