Необичен судир во Ла Лига 2: Африкански клуб играше против клуб од Андора

Необичен судир во Ла Лига 2: Африкански клуб играше против клуб од Андора Филип Здравески 05.01.2026 / 16:46 Фудбал На прв поглед, натпреварот помеѓу Сеута и Андора изгледа како просечен натпревар од Ла Лига 2 во кој 10-тиот и 14-тиот тим од првенството се сретнаа во 20-тото коло од натпреварувањето. Сепак, кога ќе погледнете малку под површината, добивате многу геополитички интересен натпревар. Сеута е клуб од истоимената шпанска енклава во Мароко, односно се наоѓа во Африка и е првиот клуб од тој континент што се натпреварувал во професионалната лига во Шпанија. Андора, од друга страна, е клуб од истоимената држава Андора што се натпреварува во фудбалскиот систем на соседната Шпанија. Кога ќе го споите ова, добивате шпански клуб што не е од Европа, кој игра против нешпански клуб што е од Европа, а натпреварот се игра во шпанското првенство. Овој необичен судир се одигра за прв пат во историјата на шпанскиот фудбал, во неделата на стадионот „Алфонсо Мурубе“, а победи африканскиот тим со 2:1. Remote video URL Шпанија има клубови што играле и во Примера, а географски припаѓаат на Африка, но никогаш од континенталниот дел. Клубовите Лас Палмас и Тенерифе се од Канарските Острови, архипелаг во Атлантскиот Океан на околу 100 километри западно од африканскиот брег. Ла Лига Андора Африка Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On