Снегот ја парализираше Холандија: Откажани околу 500 летови, запрен и железничкиот сообраќај Филип Здравески 05.01.2026 / 17:18 Свет Обилните снежни врнежи денеска предизвикаа сериозни нарушувања во сообраќајот низ Холандија, со откажани стотици летови и прекин на железничкиот сообраќај, пренесе Reuters. Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам откажа речиси 500 летови и беше затворен за дојдовен сообраќај до пладне, при што авионите беа пренасочени кон други аеродроми. Поради снегот, возовите не сообраќаат во поширокото подрачје на Амстердам, а проблеми има и во патниот сообраќај, со доцнења и сообраќајни незгоди. Властите ги повикаа граѓаните да останат дома доколку нема итна потреба за патување, додека се очекува снежните врнежи да продолжат и во наредните денови. Холандија Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off