Бесплатен превоз за сите граѓани до ски-центрите кај Нижеполе и кај хотелот Молика

Бесплатен превоз за сите граѓани до ски-центрите кај Нижеполе и кај хотелот Молика Филип Здравески 05.01.2026 / 19:05 Македонија Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на Баба Планина. „На 8 и 9 јануари (четврток и петок) бесплатно можете да одите до ски-центрите кај Нижеполе и кај хотелот 'Молика' и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината. Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е во 13:00 часот. Битола Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off