Над 80 илјади плишани мечиња прекинаа натпревар во САД

Над 80 илјади плишани мечиња прекинаа натпревар во САД Филип Здравески 05.01.2026 / 18:53 Чек дис аут Вкупно 81.796 плишани играчки паднаа на мразот во момент на „сладок, гушкав хаос“ на натпревар од Американската хокеарска лига (АХЛ) во Херши, Пенсилванија, синоќа. На снимката се гледа како плишани играчки летаат преку заштитното стакло откако Херши Беарс постигнаа гол против Рокфорд АјсХогс. Беарс, филијала на Вашингтон Капиталс од НХЛ, играа против Рокфорд АјсХогс (филијала на Чикаго Блекхокс) кога Луи Белпедио го постигна првиот гол на натпреварот во првиот период и го започна фрлањето играчки. Херши Беарс традиционално организираат годишно фрлање плишани мечиња од 2001 година. Плишаните играчки ќе бидат дистрибуирани до повеќе од 60 локални добротворни организации, соопшти клубот. Откако сите играчки беа отстранети од мразот, Беарс ги победија АјсХогс со 5:4. Remote video URL хокеј играчки Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On