FlipPad е мобилен контролер дизајниран за гејмери Филип Здравески 05.01.2026 / 19:20 Гејминг 8BitDo најави нов контролер дизајниран за корисници на паметни телефони кои сакаат да играат игрици во портретен режим. FlipPad се поврзува со iOS и Android уреди преку USB-C порт и се прикачува на долната половина од екранот со помош на механизам на шарки, сличен на тастатурата на класичен телефон на преклопување. Контролерот има црн D-Pad, црвени копчиња ABXY, копчиња Start и Select и 6 бели копчиња по горните и долните агли, кои веројатно ќе бидат прилагодливи. 8bitDo вели дека FlipPad е „официјално поддржан од Apple“ и ќе пристигне во текот на летото, но компанијата сè уште не открила информации за цените. Минатиот месец, 8bitDo го објави лансирањето на нов „Pro“ контролер на CES 2026, па повеќе детали за FlipPad би можеле да бидат откриени за време на настанот во Лас Вегас. гејмерски смартфон Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On