Претседателот на Собранието, на Република Македонија Африм Гаши по повод празник Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед. - По повод православниот Божиќ, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата, се наведува во честитката. - Во мое лично име и во име на сите пратеници, ја изразувам желбата овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба во вашите семејства. Нека овој период послужи како поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка. Среќен Божиќ!, стои во честитката од Гаши.