Министерот Минчев со честитка по повод големиот христијански празник Божиќ

„По повод големиот христијански празник Божиќ, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом. Нека Христовото раѓање донесе светлина, надеж и љубов, а празничните денови нека бидат поттик за заемна почит, солидарност и заедништво. Со одговорност и посветеност, да продолжиме да градиме јавна администрација која е ефикасна, транспарентна и во служба на граѓаните. Христос се роди! Среќен и благословен Божиќ!“