7 јануари 1943, умрел Никола Тесла Teaser Media Никола-Тесла-насловна Филип Здравески 07.01.2026 / 13:47 Images Никола-Тесла- (5).jpg Никола-Тесла- (2).jpg Никола-Тесла- (4).jpg Никола-Тесла- (6).jpg Никола-Тесла- (9).jpg Никола-Тесла- (12).jpeg Никола-Тесла- (10).jpg Никола-Тесла- (11).png kgn-img-491487.jpg Никола-Тесла- (1).jpg Никола-Тесла- (7).jpg Никола-Тесла- (8).jpg Никола-Тесла- (3).jpg Никола Тесла бил српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци. Се родил во Смилјан, Австроунгарија (денес Хрватска), во српска фамилија. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа станале основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претворил во предводник на Втората индустриска револуција. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат „човекот што го измисли XX век“ и „светецот-заштитник на модерниот електрицитет“. Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание. Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД, чиј државјанин бил. Category Вести Tags Никола Тесла на денешен ден Author/Source Ф.З. Content appears in Metro Off Фотки или галерија