Рубио: САД не планираат инвазија, туку купување на Гренланд
Американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио им порача на пратениците дека, и покрај сè поагресивната реторика, администрацијата не планира инвазија врз Гренланд, туку сака да го купи овој огромен остров од Данска.