Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не добил „недвосмислен одговор“ од европските сојузници за тоа како ќе ја бранат Украина во случај Русија повторно да нападне по завршување на војната. „Јас лично многу сакам да добијам многу едноставен одговор: да, ако повторно има агресија, сите партнери ќе им дадат силен одговор на Русите. И токму тоа прашање им го поставив на сите наши партнери. И досега не добив јасен, недвосмислен одговор“, изјави Зеленски.