На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени

Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна. Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана. Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.