Зеленски им предложил на САД да го киднапираат Кадиров

Зеленски им предложил на САД да го киднапираат Кадиров Александра Спасеска 08.01.2026 / 08:44 Свет Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го засилат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на ист начин како и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, велејќи дека таквата операција би можело да влијае на руското раководство. „Еве, еве еден пример со Мадуро. Да, спроведоа операција. Сите ги видоа резултатите, целиот свет. Го направија тоа брзо. Па, нека спроведат некаква операција врз овој, како се вика, Кадиров“, го цитира Зеленски RBK. На 3 јануари, американската војска ги уапси Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во нивниот дом во Каракас и ги транспортираше во Њујорк, каде што соборениот лидер на републиката беше обвинет за „наркотероризам“. Самиот Мадуро изјави на суд дека останува претседател на Венецуела. Одговор од Чеченија Рамзан Кадиров одговори на предлогот преку својот Telegram канал, тврдејќи дека Зеленски сака да ги постигне своите цели преку други. „Забележете дека тој дури и не се закани дека самиот ќе го стори тоа“, напиша чеченскиот лидер, истакнувајќи дека Зеленски претпочиташе да остане настрана „и да гледа од безбедно растојание“. „Ме става на листата на барани лица и воведува санкции. Сега бара помош од Американците, велејќи: ‘Ако не помогнаа со оружје, барем киднапирајте го Рамзан’“, рече Кадиров. „Не срами се и не се понижувај. Да имаше барем трошка машкост, ќе разбереше колку понижувачки звучат твоите зборови и барања“, додаде тој. На листата на барани лица на украинската безбедносна служба Ова не е прв конфликт меѓу Кадиров и украинските власти. Безбедносната служба на Украина (СБУ) претходно го прогласи Кадиров за барано лице, обвинувајќи го за спроведување „агресивни воени дејствија“ и кршење на законите и обичаите на војување. Од друга страна, Истражниот комитет на Русија го окарактеризира потегот како „доведување пред кривична одговорност на свесно невино лице“. Рамзан Кадиров Володимир Зеленски Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On