Трамп одобри нова казна за Путин?

Трамп одобри нова казна за Путин? Александра Спасеска 08.01.2026 / 09:09 Свет Претседателот на САД, Доналд Трамп, даде зелено светло за закон за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам по состанокот во Белата куќа. Според Politico, Сенатот би можело да гласа за законот уште следната недела. Сенаторот од Јужна Каролина рече дека целта на санкциите ќе биде дополнително да се изврши притисок врз Москва да ја заврши војната во Украина. Зелено светло од Белата куќа „По многу продуктивниот состанок денес со претседателот Трамп за низа прашања, тој даде зелено светло за двопартиски закон за санкции против Русија на кој работев со месеци со сенаторот Ричард Блументал и многу други“, рече Греам во соопштението, осврнувајќи се на демократскиот сенатор од Конектикат, кој е коавтор на долго блокираниот закон, објави Politico. Кога беше прашан за тврдењата на Греам, функционер на Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува законодавството. Греам додаде дека гласањето во Сенатот би можело да се одржи „се надеваме уште следната недела“. Секундарни санкции и притисок врз сојузниците на Москва Според Politico, Греам и републиканското раководство во Сенатот поминале месеци работејќи со Белата куќа за да постигнат договор за конечната верзија на законот. Сепак, ова не е прв пат Греам да најави претстојно гласање, по што иницијативата повторно би заглавила во процедура. Според предлогот, законот би вовел таканаречени секундарни санкции врз земји како Кина и Индија кои купуваат руска нафта и гас, со цел да се прекине протокот на пари што ја финансираат воената машина на претседателот Владимир Путин. „Украина прави отстапки за мир, а Путин само зборува и продолжува да убива невини“, рече Греам, додавајќи дека донесувањето закон во овој момент би било „навремено“. Трамп побара целосна флексибилност Портпаролот на Линдзи Греам не одговори веднаш на прашањето дали ќе се направат измени во законот по барање на Трамп. Politico нè потсетува дека американскиот претседател претходно побара апсолутна флексибилност кога станува збор за воведување и повлекување на санкциите, односно право да ги активира или откаже по сопствено наоѓање. Politico објавува дека останува нејасно дали конечната верзија на законот целосно ќе ги исполни тие барања на Белата куќа, но јасно е дека поддршката на Трамп е клучен чекор кон конечното доставување на предлогот до Сенатот по месеци одложување. САД Русија Доналд Трамп Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On