Гибаница со сирење

Состојки: 500 грама кори за пита 300 грама сирење 3 јајца 500 грама кисело млеко растопен путер или маргарин по потреба Подготовка: Сирењето, јајцата и киселото млеко, добро изматете ги и додадете малку сол по желба. Растопете путер и раширете ги корите. Секоја кора премачкајте ја со путер, и ставете од филот да се распореди по целата површина, освен на околу десет сантиметри од крајот, завиткајте го. Искористете ги сите кори и фил, и ставете ги во намастен плех за печење. Одозгора премачкајте со преостанатиот путер и ставете во рерна на околу 200 степени, додека не добие убава боја. Уживајте!